×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со 50.000 франци од Форумот на заедниците ќе се реконструира поранешното училиште „Карпош“

    31.10.2019 17:33 | KumanovoNews

    Проектот на основното училиште „Браќа Миладиновци“ за реконструкција на објектот на ул.„Тане Георгиевски“, поранешно училиште Карпош, доби најголем број гласови од сите учесници на Форумот на заедниците организиран од УНДП.

    Со 50.000 франци од Форумот на заедниците ќе се реконструира поранешното училиште „Карпош“

    За најуспешниот проект се предвидени 50.000 швајцарски франци.

    „Чекаме потврда од бордот и да започнеме со реновирање на објектот, нашите деца заслужија да учат и творат во безбеден и сигурен објект. Ви благодариме на сите за поддршката“, - изјави директорката Марина Mанојловска.

    Во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, денес се одржа завршната форумска сесија, на која присуствуваа претставници од локалната самоуправа, невладиниот сектор, месни заедници, образование, здравство и граѓански активности.

    Претседателката на советот, Анита Мургашанска изјави дека во потесен избор биле шест-седум проекти, и дека самите граѓани преку целните групи гласаа и го одбраат најуспешниот проект, кој ќе ги добие овие средства и со тоа ќе придонесе за подобар развој на заедницата.

    „Да не го заборавиме и делот околу техничкото јакнење на Советот, имено преостанатите 12.000 илјади долари ќе бидат употребени за реновирање и информатичко јакнење на салата на општинскиот Совет. Тоа ќе значи дека ќе добиеме нова опрема, столици, маси, можеби систем на гласање, адаптирање на општинската сала, бидејќи знаете дека се работи за стар објект на кој му се потребни многу поголеми интервенции. Но, со овие средства се надеваме дека ќе има подобри услови за работа и на членовите на Советот, медиумите, заинтересираните граѓани",- истакна Мургашанска.

    Проектот „Зајакнување на општинските совети“ е финансиран од организацијата за развој на Обединетите нации, а е поддржан и од Швајцарската агенција за соработка и развој.