×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со цртање против насилство

    18.05.2010 14:43 | KumanovoNews

     Одделението за превенција при СВР Куманово во соработка со мисијата на ОБСЕ и невладината организација „Цивил„ по повод глобалната акциона недела против оруженото насилство, организираше состанок на кој се разговараше за подигање на свеста и едукација за ризиците од оружјето.

    Со цртање против насилство

     На состанокот се поканети сите професори по ликовно воспитание во општината Куманово,Липково и Старо Нагоричане, бидејќи организираме натпревар во цртање на учениците од 5-8 одделение низ целата држава кој ќе трае цел месец. Учениците ќе цртаат на следниве теми: Подалеку од оружјето! Тоа е опасно,Како јас гледам на оруженото насилство, Ако забележам оружје јас се јавувам во полиција и Сакам да видам свет без оружје. При сликање можат да ги користат сите ликовни техники, а употребата на  материјалите е неогричена -рече Виолета Богдановска, началник на Одделението за превенција при МВР.

     Најдобрите цртежи ќе бидат наградени  со 200 евра, 150 евра и 100 евра во денарска противвредност. Со цел да се награди трудот на што е можно поголм број на ученици предвидено е во секој регион првите 10 цртежи  да добијат награда од 25 евра и маичка.Од останатите цртежи што ќе бидат одберени на ниво на Македонија од страна на невладината организација ќе се искористат за календари за наредната година,за плакати и друг рекламен материјал.