×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со диплома за книговодство се стекнаа 27 кумановци

    24.10.2019 11:02 | KumanovoNews

    Во Центарот за вработување во Куманово, денес беа доделени дипломи на 27 лица за успешно завршена обука за книговодството.

    Со диплома за книговодство се стекнаа 27 кумановци

    Обуката траела четири месеци, со тоа што во првите три месеци се изучувал теоретскиот дел, а четвртиот месец бил наменет за практичните вештини со кои се стекнале невработените.

    „Искуствата се позитивни поради квалитетот кој го добиваат од страна на работодавците, исто така се задоволни и спроведувачите на обука од интересот кој невработените лица го покажуваат за време на обуката. Така што соработката е на доста високо и професионално ниво“- вели Марија Димитриевска, раководителот на Центарот за вработување во Куманово.

    Ненад Каранфиловски, учесник во обуката вели дека иако има завршено друга струка, на овој начин го надополнил своето знаење.

    „Секогаш сакав да завршам екомонија, сега ми се овозможи тоа, стекнав знаење за една нова професија. Јас на сите би им препорачал, кои се во можност да бидат дел од вакви обуки. Па се надеваме дека ова ќе ми овозможи и подоцнежно вработување“,- изјави Каранфиловски.

    Спроведувачи на обуката кои веќе трета година се образовниот центар „Визија“ и „Евро Колеџ“ од Куманово.

    „На пазарот на трудот овие невработени лица можат да се појават со нова квалификација, т.е службеник во книговодство. За време на обуката се стекнаа со знаење од областа на книговодствена евиденција и со практичната обука каде што се стекнаа и со практични искуства за водење на евиденција, со што веќе се подготвени да аплицираат за нови работни места“, - Фросина Николовски од Евро Колеџ.

    Андријана Илиевска Додевска- претставник од образовен центар Визија, смета дека треба да има повеќе вакви обуки затоа што се мост помеѓу класичното теоретско образование кое што го добиваат во училиштето и факултетите.

    „Ние им нудиме практична обука со која ги подготвуваме веднаш да започнат со работа“- истакна Илиевска Додевска од образовниот центар „Визија“.

    Таа исто така им се заблагодари на учесниците од обуките, затоа што „учениците“ биле крајно мотивирани, редовни и одговорни и истакна дека сите невработени лица кои произлегле од оваа обука се спремни веднаш да започнат со работа.