×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со фалсификувана диплома се вработил во АРМ, а потоа во МВР

    13.06.2019 07:05 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.И.(47) од село Лојане, општина Липково, полициски службеник во Полициската станица за Граничен премин „Табановце“, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело фалсификување исправа.

    Со фалсификувана диплома се вработил во АРМ, а потоа во МВР

    На точно неутврден датум пријавениот извршил фалсификување на диплома за завршено средно образование, издадена од средно училиште „25 Мај“ од Прешево, Република Србија. После тоа, на почетокот на 2003 година ваквата диплома ја приложил во Министерството за одбрана при склучување на договор за вработување како професионален војник.

    Исто така, кон средината на 2005 година, ваквата диплома била употребена и при склучувањето на спогодба за преземање на работник во Министерството за внатрешни работи, со што пријавениот засновал работен однос како полициски службеник.

    На 07.07.2005 година Основното јавно обвинителство Куманово поднело обвинителен акт против пријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа, а во врска со употребата на наведената лажна диплома при засновање на работен однос. По ова, на 19.03.2007 година Основниот суд Куманово донел пресуда со која го осудил пријавениот како виновен, за што не го известил Министерството за внатрешни работи.