×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со лажен исказ извадила нова возачка откако старата и ја одзеле во Бугарија

    16.08.2018 13:56 | KumanovoNews

     Кумановка заработи кривична пријава, затоа што дала лажен исказ дека ја изгубила возачката дозвола, која и ја одзеле во Бугарија.

    Со лажен исказ извадила нова возачка откако старата и ја одзеле во Бугарија

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Л.П.(50)од Куманово, за сторено кривично дело давање лажен исказ.

    На 07.06.2018 година во Куманово во Отсекот за управни работи, пријавената пред референтот за моторни возила поднела потпишана изјава во која навела дека ја изгубила возачката дозвола, иако занела дека истата поради сторен сообраќаен прекршок и била одземена во Р.Бугарија на 27 мај, по што органот на управата донел одлука да и се издаде дупликат од возачката дозвола.