×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со полиција се поставуваа столбчињата пред зградите на „Октомврискa“

    23.03.2019 15:10 | KumanovoNews

    Полицијата интервенираше за да продолжи поствувањето на столпчињата пред стамбените згради на булеварот „Октомвриска револуција„ бр. 84, во Куманово.

    Со полиција се поставуваа столбчињата пред зградите на „Октомврискa“

     Откако повозрасни жени седнаа на тротоарот и не дозволуваа вработените да си ја вршат работата, беше повикана полиција да ги тргне револтираните станари. Истовремено, пајак службата ги отстрануваше возилата паркирани на тротоарот.

    „Никој за ништо не не известил, туку сабјале доајдоа на сила и ги отстрануваат возилата. Ние тука живееме повеќе од 10 години, но нема каде да се паркираме. Од другата страна поставија столпчиња и има место за пешаци и велосипеди.  Овде нема потреба. Порано беа две згради сега се пет има околу 200 стана и има барем 120 автомобил. Каде да ги оставиме автомобилите кога нема паркинг простор“, - велат граѓаните.

    Тие се жалат дека пред нивните згради поминува улица која ги поврзува „Моша Пијаде“ и „Октомвриска револуција“, но 10 години не е асфалтирана и воопшто не можат да се движат по неа, па затоа излегуваат директно на булеварот.  Револтирани велат дека ќе ги отстранат столбчињата кога ќе си заминат вработените, а колите ќе ги паркираат пред Општината затоа што немаат каде на друго место.

    Граѓаните го повикаа градоначалникот да најде време и да се сретне со нив за да најдат решение на проблемот, наместо да им праќа полиција како да се криминалци.

    Од Општината велат дека поставувањето на столбчињата по целата должина на „Октомвриска револуција“ се врши врз основа на одобрен основен сообраќаен проект за трајна измена на сообраќаен режим со поставување на столбчиња за разделување на велосипедскиот и пешачкиот од моторниот сообраќај. Согласност за основниот проект е издаден од СВР Куманово и решение за поставување издадено од Општина Куманово.

    „За поставувањето јавноста беше навремено информирана преку медиумите со предупредување да не се оставаат возила по должина на булеварот на кој се врши поставување на овој вид на сообраќајна опрема на уличната инфраструктура, па поради тоа СВР Куманово има обврска да ги отстрани непрописно паркираните возила, - информираат од Општината.

     И сопствениците на дуќаните околу маркетот КАМ, бараат да не се поставуваат столпчиња пред нивните дуќани, бидејќи ќе останат без пристап до објектите и простор за паркирање.