×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со прирачник против дискриминацијата во образованието

    02.10.2010 06:53 | KumanovoNews

     Издаден е Прирачник кој е наменет да ја спречи дискриминација во воспитно-образовниот систем. Со неговата примена се очекува да се придонесе кон подобро  прифаќање на различностите низ училиштата во Македонија.

    Со прирачник против дискриминацијата во образованието

     Прирачникот, чиј издавач е Министерството за образование и наука, има за цел да ја подобри и зајакне соработката и координацијата меѓу сите надлежни институции и индивидуи вклучени во воспитно-образовниот систем, во насока на обезбедување на еднакви услови и можности за квалитетно образование на сите ученици без разлика на верска, национална, религиозна или каква било друга основа.

    Од Министерството за образование и наука, и невладината организација „ДРОМ„ од Куманово која е вклучен во проектот, потенцираат дека овој прирачник во голема мера ќе го промени начинот на размислување и начинот на прифаќање на различностите и ќе биде сигурно една добра алатка за справување со дискриминацијата која се појавува во различни облици, и различни форми и во различен интензитет, во различни делови од Македонија.