500x100-1
08. 11. 2019 11:54

Со возило удрил во кабина на автобуска постојка, па во пешак

Со возило удрил во кабина на автобуска постојка, па во пешак

 Две лица се повредена во сообраќајна незгода, откако утринава автомобил излетал од коловозот и удрил во метална кабина на автобуска постојка, па во пешак.

Несреќата се случила во 6.15 часот на  булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово, кога Ј.Ф.(22) oд Куманово, управувајќи патничко возило „Шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во кабина од автобуска постојка, а потоа и во пешакот Р.К.(37) од Куманово.

Во незгодата пешакот и возачот се здобиле со повреди и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош.  

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.