×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Собранието го ратификуваше договорот со Грција

    20.06.2018 13:24 | KumanovoNews

    Со 69 гласа „за“ пратениците го ратификуваа договорот со Грција. На пленарната седница не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

    Собранието го ратификуваше договорот со Грција

    Премиерот Зоран Заев побара од пратениците да гласаат за договорот со Грција за да му се даде шанса на решението, за кое ќе решат граѓаните на референдум. Непосредно пред гласањето, Заев од говорницата соопшти дека точката за давање покана за членство на Македонија во НАТО била ставена на дневниот ред на самитот на Алијансата што ќе се одржи во јули.

    „Пред три дена во Преспа потпишавме договор за крај на спорот кој донесе сериозни последици. Достоинствено и прифатливо решение за двете страни. Имаме договор со јасни обележја на македонското, на македонскиот јазик така како што ги разбираме ние, Македонците од македонската држава. Јазикот е нашата татковина, рече еднаш академик Блаже Коневски. Потписите на договорот го заштитија македонскиот идентитет за век и веков. Обезбедивме безбедна и сигурна иднина“, рече премиерот Зоран Заев на седницата на која се ратификуваше договорот со Грција.

    Со овој договор името на земјава ќе биде Република Северна Македонија за севкупна употреба, со македонски јазик и македонска националност.

    Договорот го потпишаа министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас и посредникот на ОН Метју Нимиц.

       (Извор СДК.мк)