×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Социјалистите го прославија 11 Октомври во Куманово

    11.10.2019 21:51 | KumanovoNews

    Социјалистичката партија на Македонија денеска организираше прослава по повод Денот на востанието на македонскиот народ во Куманово.

    Социјалистите го прославија 11 Октомври во Куманово

     На присутните им се обрати потпретседателот на партијата, Јован Лазарев, кој истакна дека се собрале во градот првоборец за да им одадат почит на сите знаени и незнаени јунаци од Куманово и целата наша земја, кои се бореле и ги положиле своите животи во борбата против фашизмот.

    Со почетокот на вооруженото востание се трасира победоносниот пат за ослободување од фашистичките окупатори и го најави создавањето на современа и независна македонска држава. Со асномските одлуки донесени во манастирот Прохор Пчински во 1944 година, македонскиот народ заедно со другите народ од Република Македонија ги оствари повеќевековните идеали за создавање на македонската држава. 11 Октомври беше и ќе остане во нашето трајно паметење за тоа како треба да се бориме и да ја чуваме нашата татковина, да не потклекнуваме пред било какви притисоци и закани. Но, за жал сите не мислат така. Партиите кои денес се на власт го сменија нашето име за кое се бореа и гинеа генерации пред нас,- рече Лазарев.

     Тој додаде дека соседите излегуваат со нови уцени и ултиматуми кон Македонија, но историјата не се менува со политички притисоци и уцени, туку треба да биде проучувана од страна на историчарите. Но, верува дека макдонскиот народ ќе истрае и ќе ги совлада сите искушенија во кои ќе биде исправен во иднината.