×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сомнителни вработувања во ЦЈЗ Куманово

    15.06.2018 08:27 | KumanovoNews

    Докторка од Куманово обвинува дека не била вработена во Центарот за јавно здравје во Куманово иако имала најголем број на бодови од сите учесници на конкурсот.

    Сомнителни вработувања во ЦЈЗ Куманово

    Како што пренесува ТВ Сител, биле вработени тројца кандидати меѓу кои и последно рангираниот кој имал вкупно 25 бодови, а 74 имала првата на листата.

    -  Незнам како тоа го направиле и по кои критериуми. Полагавме испит каде не надгледуваа и контролираа од Министерството за здравство. И потоа, наместо јас вработен е тој што е последен, тоа беше шок за мене. Незнам каква порака им се испраќа на лекарите со тоа, кога сите мои колеги што ги знам се отселија од земјата,- изјави докторката за ТВ Сител.

    Таа нема објаснување зошто не го добила работното место, но има право на жалба. Не знае дали ќе реагира, ќе чека нов конкурс за вработување или, пак, како и нејзини колеги шансата ќе ја бара надвор од границите на Македонија.