×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СОНК ќе одржи предупредувачки штрајк во понеделник ако не се зголемат платите

    27.08.2019 11:12 | KumanovoNews

    Доколку до 1. септември не се изнајде решение или утврди терминот на зголемување на платите, СОНК на првиот училишен ден, 2. септември ќе одржи еднодневен предупредувачки штрајк.

    СОНК ќе одржи предупредувачки штрајк во понеделник ако не се зголемат платите

      Одлуката била донесена едногласно од денешната седница на Советот на СОНК.

    Од СОНК сметаат дека најавеното зголемување на септемвриската плата од  5 отсто не е доволен и дека процентот на зголемување на платите треба да е во согласност на процентот на зголемување на минималната плата на национално ниво, односно севкупно за 25 отсто.

    Советот на СОНК, исто така, побара да се интензивираат преговорите со МОН, а најдоцна до крајот на месец септември, оваа година, да  се утврди процентот на зголемување на платите кај вработените во сите сфери на образованието, како и утврдување на терминот и процентот за зголемување на платите за 2020 година.  

    Доколку до предвидениот термин не се најде прифатливо решение, Советот на СОНК на почетокот на месец октомври ќе одржи седница на која ќе се утврдат идните чекори, не исклучувајќи го генералниот штрајк во сите степени на образование, - соопштуваат од СОНК.

    На седницата присуствувал и министерот за образование и наука Арбер Адеми, кој пред членовите на Советот истакнал дека Владата  реализирала повеќе инвестициски вложувања и реформи во делот на образованието.