500x100-1
27. 08. 2010 16:52

Советниците онлајн

Советниците онлајн

Салата за одржување седници на Советот на Општината Куманово од вчера е приклучена на Интернет. Советниците одсега ќе бидат онлајн и за време на работата во локалниот законодавен дом.

Јас го поздравувам приклучувањето на интернетот од едноставна причина што информатичката технологија и интернетот како неисцрпен извор на информации треба да бидат достапни за сите. Интернетот пружа можност  на лице место, не само во домашни услови, при подготовките за седниците  да дојдеме до информации кои во моментот ни се неоходни и да поткрепиме со факти одредени дискусии, како и да црпиме искуства од нашите колеги од другите Општина - смета Снежана Захариева советничка на СДСМ.