×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советот наместо на вонредна седница на трибина ќе расправа за загадувањето на воздухот

    14.11.2018 15:59 | KumanovoNews

    Советот на Општина Куманово нема да одржи вонредна седница по барање на ВМРО-ДПМНЕ,  за да расправа за загадувањето на водухот, туку во петок ќе организира трибина на која експерти ќе дадат насоки како да се изнајде решение за проблемот.

    Советот наместо на вонредна седница на трибина ќе расправа за загадувањето на воздухот

     Ние сме секогаш тука да разговараме и за таа цел и со нашите колеги од опозицијата деновиве ќе закажеме трибина на која заедно со граѓаните и надлежните експерти ќе поразговараме сериозно каква е всушност состојбата, кои се локалните и државните мерки, па и практиките во светот, како да ја надминеме состојбата со аерозагадувањето. Тоа не е проблем од вчера ниту од лани, туку со децении наназад, а не се решава ни преку ноќ. Така да сметам дека нема потреба од вонредна седница. На некоја од редовните седници ќе разговараме и за ова прашање, - изјави претседателката на Советот Атина Мургашанска.

      Таа додава дека загадувањето е глобален проблем за чие решавање мора сите да се вложиме, локална самоуправа како одговорна власт, но и секој граѓанин, при користење на еколошки горива, еколошки начин на загревање и менување на навиките.  Затоа смета дека барањето за вонредна седница е обид да се дефокусира јавноста од актуелниот проблем, бекството на нивниот поранешен лидер Никола Груевски, да се сврти вниманието од актуелните судски постапки за натрупаните криминали и непотребно да се внесува доза на загриженост кај граѓаните.

    Советничката група на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, достави иницијатива за свикување на вонредна седница на Советот на општина Куманово, на која ќе преземат мерки за заштита од екстремното загадување во градот.