×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски и Лукаревска го промовираа „Мој ДДВ“ - за два месеци 2 милиони евра ќе се вратат кај граѓаните

    01.09.2019 12:38 | KumanovoNews

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, денеска во Куманово ја промовираа проектот „Мој ДДВ“.

    Спасовски и Лукаревска го промовираа „Мој ДДВ“ - за два месеци 2 милиони евра ќе се вратат кај граѓаните

    Информативниот штанд беше поставен пред Супермаркетот „Кит-Го“ (поранешен Туш маркет).

    „Драго ми е што денеска во Куманово даваме поддршка на преоктот „Мој ДДВ“, исклучително важен за Владата, меѓутоа и повеќе пари за граѓаните. Задоволство ми е што граѓаните позитивно гледаат на „Мој ДДВ“ и ја препознаваат користа од оваа мерка. За само два месеца скенирани се околу 15 милиони фискални сметки, што јасно покажува дека „Мој ДДВ“ е уште една успешна мерка. Ги повикувам граѓаните кои досега не ја симнале апликацијата „Мој ДДВ“ тоа да го направат што побрзо, да ги скенираат фискалните сметки и да добијат поврат на нивните трансакциски сметки, - изјави министерот Спасовски, кој додаде дека така ќе се намали сивата економија во државата и ги повика граѓаните да бараат фискални сметки за било која услуга, за да го помогнат развој на земјата.

     Во првите два месеци од проектот „Мој ДДВ“ на граѓаните ќе им бидат вратени околу 2 милиони евра од скенираните сметки.

    „Заклучно со првите два месеци од започнување на проектот, јули и август, имаме 160.000 корисници на апликацијата „Мој ДДВ, имаме скенирано околу 15 милиони сметки, остварен е промет од скоро 7,6 милијарди денари, а ДДВ-то вкупно  5 и 18 отсто, имаме 834 милиони денари, што значи дека кај граѓаните ќе вратиме околу 125 милиони денари или околу 2 милиони евра, - изјави Лукаревска.  

    Таа додаде дека процентот на пријавени неправилности при издавање на фискални сметки на линијата 198 споредбено со лани во овој период е за 100 пати поголема.

    „Граѓаните пријавуваат секојдневно, станува збор за буквално сите населени места во државата, дека има неиздавање на фискални сметки. Реагираме прво со снимање на прометот, затоа што не е целта да го вклучиме веднаш репресивниот момент, и се поправаат во делот на даночната дисциплина. Ако го видиме моментот на намалување на сива економија имаме покачување на ДДВ-то во месец јули годинава повеќе од 10 проценти во споредба со лани, што е доволен показател дека овој проект вложува во сузбивањето на сивата економија“, - вели Лукаревска.  

    Новата апликација „Мој ДДВ“,  ќе им овозможи на граѓаните да видат колкав поврат ќе имаат во декември, за месеците јули, август и септември.