×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СПМ: Паганска е прославата на Бадник на плоштадот

    08.01.2010 19:27 | KumanovoNews

    Општинската организација на Социјалистичката партија на Македонија го смета за паганско прославувањето на Бадник на Градскиот плоштад во Куманово, организирано од СДСМ. 

    СПМ: Паганска е прославата на Бадник на плоштадот

    Наместо скромно, христијански во семејна атмосфера, предевечерието на раѓањето на Божјиот син се претвора во пијанчење и пагански ритуали кои никаде не се споменуваат во православното учење. Да биде трагедијата и парадоксот поголем, ваквиот начин на чествување го организира СДСМ, партијата која беше предводник и иницијатор на забраната за воведување на веронаука во училиштата - се вели во соопштението на СПМ.

    Тие го повикуваат градоначалникот во наредната година да води поголема сметка за граѓаните и повеќе време да посветува за решавање на реалните проблеми на кумановчани.

    На градоначалникот Дамјановски му посакуваме година со помалку договарања на високи хонорари за естрадните уметници и лажење на јавноста за нивниот износ, лицемерни сликања со стечајците кои неговата партија ги доведе до тука и смешните оправдувања за недостигот на вода во екот на празниците - се вели во дописот на СПМ до медиумите.