×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средношколците од регионот сакаат да станат менаџери

    12.04.2010 14:59 | KumanovoNews

     Резултатите од тестирањата на Високата школа за новинарство при МИМ покажала дека 70% од кумановските матуранти имаат желба да работат на менаџерски и административни позиции.

    Средношколците од регионот сакаат да станат менаџери

     Како најзастапени и најпосакувани се менаџерските професии во приватни бизниси, владини служби, јавни услуги, полиција,војска, банкарство и сметководство, но и во образование на техничкит и економски предмети.

    Податоците се добиени со анализа на резултатите од тестирањето кое се реализираше во февруари на 2 152 матуранти од шест училишта од Куманово,Крива Паланка и Свети Николе. Обуката беше за очекувана кариерна успешност, која се реализира во соработка со министретвото за образование и Центарот за образование на возрасни.

    Главната цел на проектот беше да им се помогне на студентите да дознаат во кои професии можат да постигнат најдобри резултати и да се реализираат себеси"- вели,преставникот од МИМ.

    Во рамките на проектот,психолозите им понудиле на матурантите решавање на два светски признати прашалници со кои се определи желбата на матурантот за професијата како и она што тој го може. Оваа тестирање понуди сеопфатна научна издржана анализа за какви студиски програми треба да се развиваат во државата и какви профили на кадри треба да се понудат на индустријата и јавната администрација.