×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Српска странка го подржува договорот за името

    14.06.2018 07:10 | KumanovoNews

    Српската странка на Македонија (ССМ) го подржува договорот за името што го потпишаa премиерите на Македонија и Грција.

    Српска странка го подржува договорот за името

    На централниот одбор на партијата, која се одржала за викенд било донесена одлука да се даде целосна поддршка на премиерот Зоран Заев, бидејќи со договорот Македонија го решава деценискиот проблем.

    „Ние го подржуваме овој договор, бидејќи тој е единствен излез на Република Македонија за членство во НАТО и добивање на датум за преговори во ЕУ. Тоа е максимум што можело да се постигне во преговорите меѓу Заев и Ципрас, бидејќи со него е сочуван македонскиот јазик и идентитет на Македонците. Договорот го поздравија сите европски земји, Америка, па и Русија. Ние како и останатите колациони партнери сме задоволни од договорот за решавање на проблемот со името и немаме никакви забелешки тој да се имплементира“, - изјави Мирослав Јовановиќ, претседател и пратеник на Српската странка во Македонија.  

    Јовановиќ додава дека партијата донела одлука на централен одбор во случај ВМРО-ДПМНЕ да бара вонредни парламентарни избори, тие се подготвени да прифатат и да ги одмерат политичките сили уште за време на одржувањето на референдумот во септември или со редовните претседателски избори на пролет.