500x100-1
12. 10. 2018 14:37

Српската претстава „Свињa“ пред кумановската публика

Српската претстава „Свињa“ пред кумановската публика

 Актерската екипа од продукцијата „Мој траг“ од Белград, вечерва ќе ја изведе претставата „Свињa“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Соња Кнежевиќ.

Во претставата играат Душан Матејиќ, Маријана Миќиќ, Милош Ѓуровиќ, Љиљана Ѓуриќ.

„Свиња“ е еден од последните романи на прославениот комедиограф Бранислав Нушиќ, напишан е во стилот на најдобрите француски водвиљи.

Никола, белградски инжинер во среќен брак со убавата и паметна Нина, по долго време го среќава својот најдобар другар од студии Ѓоле, кој заминал во Америка и таму заработил големи пари и целосно го саменил својот начин на живот и на размислување.

Ѓоле, моментално е воодушевен од жената на пријателот, додека неговата газдарица баба-девојка, во младиот кираџија гледа совршен младоженец...

Претставата започнува во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.