×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Српскиот амбасадор го посети Куманово

    13.04.2010 15:33 | KumanovoNews

     Амбасадорот на Р.Србија Томислав Ѓурин денеска беше во прва официјална посета на Општината Куманово, каде на средба со градоначалникот Зоран Дамјановски разговараше за идната економска соработка. Ѓурин при тоа се запозна со приликите во Општината и вети поголема подршка.

    Српскиот амбасадор го посети Куманово

     Србија е најголемиот економски  парнер на Македонија, а поради тоа на средбата отворивме многу теми. Си дадовме многу задачи кои се надевам дека во блиска иднина успешно ќе ги реализираме.Преку економската соработка ќе ги продлабочиме контактите, за да можеме да креираме бизниси и планови и конкретни проекти - рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Високиот гостин најави дека амбасадата ќе биде мост помеѓу Општината и бизнис заедницата во Србија ,за реализирање на заедничките идеи.

    Куманово има геостратешка положба кој е многу важна за Србија. Тука поминува коридорот 10 кој Србија ја повржува за медитеранските држави и Блискиот Исток што е неопходен предуслов за соработка на сите нивоа. Економските врски во минатото беа многу јаки, но поради транзицијата и светската криза денеска не се многу јаки. За да ја подобриме состојбата ние со помош на Амбасадата ќе ја поврземе општината со експерти од министерство за економија кои ќе се запознаат со состојбата тука,и ќе помогнат за поврзување на соодветни партнери од Србија, кои евентуалнио имаат желба да вложат во овој регион и обратно,да се овозможи продажба на македонските производи на пазарот во Србија - вели Ѓурин.

    Тој најави дека Република Србија формира ново тело- Совет за Србите  во регионот, кој ќе помага со средства за реализирање на проекти од областа на културата ,образованието и јазикот.