×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Српскиот јазик ги одложи директнитe преноси на Советот

    18.02.2010 16:14 | KumanovoNews

    Предлогот на СДСМ за директен телевизиски пренос на седниците на Советот на општина Куманово денеска не беше разгледан, и покрај тоа што се наоѓаше на дневен ред.

    Српскиот јазик ги одложи директнитe преноси на Советот

    Дел од советниците од српските и албанските партии, побараа да се создадат услови, покрај на македонскиот јазик пренос на седниците да има и на нивниот мајчин јазик. Ѓорѓе Полиќ од Српската напредна странка предложи точката да се повлече од дневен ред, додека не се реши прашањето со воведувањето на српскиот јазик како официјален јазик во Советот.

    Нема да се постигне саканата цел со телевизискиот пренос, ако една етничка зедница, која е застапена со 10 одсто на населението во Куманово не е рамноправна. Со тоа ќе се доведат во прашање добрите меѓуетничките односи во градот. СНП смета дека сега е приоритет да се реши прашањето со воведувањето на српскиот јазик во Советот- вели Полиќ.

     Од советничката група на Демократската партија на Србите во Македонија, сметаат дека  зад барањето на СНС, се крие СДСМ. 

    Ова е во најмала рака смешно. Денешнава одлука нема врска со употребата на српскиот јазик и мислам  дека најголемата позициона партија се крие зад помалите партии за да го спречи транспарентно пренесување на седниците. Претставниците на СНП пред три месеци, не го подржаа нашето барање да не се усвојува деловникот додека не се реши прашањето на употребата на српскиот јазик. И покрај се ние ќе ги употребиме сите политички сретства српскиот јазик да добие статус на официјален јазик во Општината - вели Горан Стојковиќ.

    Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски побара во наредните неколку месеци да се усогласат партиите и да се создадат техничките услови, по што ќе се разгледува одлуката за директите преноси. Во меѓувреме предложи седниците да се снимат и во едночасовен вечерен термин на една од локалните телевизии  да се пренесат најинтересните дискусии на советниците.

    Иницијативата за директно следење на седниците уследи по извршените истржувања, каде голем дел од граѓаните се изјасниле дека не запознаени со ингеренциите на локалната власт.