×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старо Нагоричане доби современа механизација вредна 130.000 евра

    22.02.2019 11:52 | KumanovoNews

     За првпат во своето постоење Општина Старо Нагоричано доби машина со приклучна механизација и теренски џип, донација од Министерството за финансии, преку проектот  „Подобрување на општинските услуги“.

    Старо Нагоричане доби современа механизација вредна 130.000 евра

     Ровокопачот - СКИП ќе го користи ЈКП „Козјак“ за  работа на терен во своето секојдневно работење, пред се за приклучок и одржување на водоводната мрежа, за чистење на зелените површини и локалните патишта.Вредноста на опремата е околу 130.000 евра. Донацијата содржи и цистерна, агрегат, мулчар, даска за снег, косилка и друга механизација.

     Возилата се многу потребни за работата на нашето јавно претпријатите, пред за прекопување на каналите за водоснабдувањето, но и приклучната механизација за косење на трева, за чистење на гранките по патишта, бидејќи тоа до сега се вршеше исклучиво рачно. Истовремено возилото ќе се користи и зимско одржување на локалните патишта, - изјави градоначалничката Жаклина Јовановска.

     Механизацијата е големо значење за Општина Старо Нагоричане, бидејќи по толку години за првпат со сопствена опрема ќе ги изведува предвидените активности, наместо како досега да плаќа приватни фирми.