×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старо Нагоричане го претстави туристичкиот потенцијал во Ниш

    31.03.2010 14:31 | KumanovoNews

    Општината Старо Нагоричане викендов учествуваше на Меѓународниот саем за туризам во Ниш. На саемот доби Благодарница и награда за успешна презентација на Општинските потенцијали како и за учеството.

    Старо Нагоричане го претстави туристичкиот потенцијал во Ниш

    Општината се претстави со своите потенцијали за туризам како културно - историски споменици: црквите "Св.Ѓорѓи", Старо Нагоричане, црквите во Младо Нагоричане, двојната црква во Сув Ора, манастирите Забел и Карпино, спомен костурница Зебрњак, мегалитска опсерваторија Кокино итн. Природните реткости : Бања Стрновац, реката Пчиња, Костоперска карпа итн. и ја промовира општината за развој на алтернативен туризам - велат од Општината.

    Штандот на општината го посетиле повеќе туристички организации од Р.Србија, како и познати странски тур - оператори, на кои им биле поделени печатени материјали за културно - историските споменици и природни реткости на општината.