×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старо Нагоричане го прослави Денот на општината

    10.11.2018 19:13 | KumanovoNews

     Обврзани сме да ја градиме општината, но и да се насочиме кон нашите најприоритетни цели, а тоа секако е да ја подобриме патната и комунална инфраструктура, но и да работиме на искористување на најголемите потенцијали-можностите за развој на руралниот и културен туризам со оглед на вредното природно и културно богатство со кое располага Старо Нагоричане, - рече градоначалничката Жаклина Јовановска, во своето обраќање на Свечената седница по повод Денот на ослободувањето на Општина Старо Нагоричане.

    Старо Нагоричане го прослави Денот на општината

    Навраќајки се на времето од НОБ, градоначалничката порача дека никако не смее да се заборави, дека во денешната слобода се вградени животите на борците од нашите села, поточно нашите дедовци, кои биле во првите редови на Народноослободителната борба во Козјачието и поширокиот регион.

    - Така било и на 11 Ноември 1944 година кога сите заедно здружено и одлучно тргале во финалната битка за ослободување на Старо Нагоричане и Куманово. Овие храбри партизани, по четиригодишната крвава борба, ги исполниле идеалите на борците од Козјачкиот партизански одред - Перо Чичо, Христијан Карпош, Тане Георгиевски, Димче Еребица, Доне Божинов,  како и сите други знајни и незнајни јунаци, кои силно ја сакаа слободата на Македонија, а со тоа и на својот крај, - истакна Јовановска.

    Пред гостите беше прикажана видео презентација за најновите  проекти на Општината, а  беа доделени Ноемвриските награди на: Миле Цветановиќ од село Старо Нагоричане за најдобар земјоделец, Оливер Тасевски од село Добрача за најдобар сточар, за најуспешен спортист е награден Стефан Лазаревиќ од село Старо Нагоричане, за најуспешна фирма  ПЗУ Д-р Јелена Митиќ во с. Облавце и за најдобар просветен работник Драгица Димковска, наставник по македонски јазик во ООУ „Светозар Марковиќ" с. Старо Нагоричане.

    Во името на наградените се заблагодари професорката Димковска, која истакна дека е чест да се добие највисокото општинско признание, но тоа ќе биде поттик понатаму да работат и да бидат успешни во нивните професии.

    Свеченоста се одржа во новата сала во општина Старо Нагоричане, која беше пуштена во употреба по повод Денот на ослободувањето.

    Свечената седница беше збогатена со културно-уметничка програма во која учeствуваа ученици од основните училишта „Светозар Марковиќ“, „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Христијан Карпош“, потоа КУД „Карпош“ од Старо Нагоричане, хорот на Здружението на пензионери и КУД „Панче Пешев“ од Куманово.

    На свеченоста присуствуваа амабасадорката на Србија, Душанка Дивјак Томиќ, министерот Оливер Спасовски,  заменик министерот Благе Цветковиќ , државениот  секретар Зоран Павловски, градоначалниците на Куманово, Крива Паланка, Свети Николе, Ранковце , советници, претседатели на совети, претставници од збратимените градови: Ќиќевац, Сурдулица, Рача, Беране, Трговиште, претставници на СВР и АРМ, директори на државни и јавни институции, политички партии и граѓани.