500x100-1
02. 03. 2010 10:35

Старонагоричкиот туризам претставен во Белград

Старонагоричкиот туризам претставен во Белград

На 32 Меѓународен саем за туризам кој се одржа од 24-28 февруари во Белград, Општината Старо Нагоричане го презентираше туристички потенцијал пред туроператорите и граѓаните на Србија.

 Општина Старо Нагоричане се претстави со своите познати туристички локации :црквите "Св.Ѓорѓи", Старо Нагоричане, црквите во Младо Нагоричане, двојната црква во Сув Ора, манастирите Забел и Карпино, спомен костурница Зебрњак, мегалитска опсерваторија Кокино, природните реткости, бањата Стрновац, реката Пчиња, Костоперска карпа и ја промовира општината за развој на алтернативен туризам.
Штандот на општината го посетија повеќе туристички организации од Р.Србија, како и познати странски тур - оператори, на кој им беа поделени печатени материјали за културно - историските споменици и природни реткости на општината.
На саемот имаше повеќе од 850 излагачи од повеќе земји.

Старонагоричкиот туризам претставен во Белград