500x100-1
29. 08. 2010 13:48

Старскиот дом со поголеми сместувачки капацитети

Старскиот дом со поголеми сместувачки капацитети

 Домот за стари лица „Зафир Сајто„ оваа година го прошири капацитетот со  нови легла за сместување.Постоечкиот простор во оваа институција е преадаптиран во соби каде што ќе се сместат уште 10  корисници.

 „Зафир Сајто„  располага со капацитетот од 164 лежаи за сместување, а досега имаат сместено 159 лица. Направени се и неколку други интервенции, кујната е по хасап стандардите, а подобрени се и условите на  геријатриското одделение -вели директорката Мирјана Атанасовска.

Во Домот се организира и културно-уметничка програма прилагодена за возраста на корисниците во соработка со Народниот театар во Куманово и Здружението на Пензионери.

 Инаку домот Зафир Сајто е една од првите институции во Куманово кои од наредната сезона ќе користат гас.