500x100-1
14. 12. 2010 16:53

Стартува приклучувањето на домаќинствата на природен гас

Стартува приклучувањето на домаќинствата на природен гас

 Граѓаните на Куманово од денеска ќе можат во Јавното претпријатие „Куманово-Гас„  да се пријавуваат за приклучување на мрежата за природен гас. Приклучувањето на идните корисници ќе ги чини 800 евра, односно околу 50 илјади денари по домаќинство.

Приклучокот кај нас е поевтин во однос на соседните земји каде цената е над 1000 евра. Издатокот е еднократен и граѓаните со приклучувањето ќе немат други обврски кон нас од техночки аспект. Претпријатието ќе дозволи и поволности за граѓаните, таксата да ја плаќаат на рати со сметките за потрошен гас. Предвидено е приклучувањето на физичките лица да започне по нова година - вели директорот Момчило Мирчевски.

Куманово е првиот град во државата што се гасифицираше и постои голема заинтерсираност кај граѓаните за корисрење на овој вид енергенс, кој економски и еколошки е поприфатлив од другите видови енергија. Особено се интресирале сопствениците на старите, но и нови колективни стамбени згради кои сакаат да направат заедничко загревање на становите.