×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СТАВ:Ќе се намали ли иселувањето на младите кога ќе влеземе во ЕУ?

    07.09.2018 07:38 | KumanovoNews

    Куманово, град со многу важни историски случувања и договори. Град кој во минатото изобилувал со фабрики, комбинати и места каде трудот бил ценет.

    СТАВ:Ќе се намали ли иселувањето на младите кога ќе влеземе во ЕУ?

    Денеска, како општина во североисточниот дел од Република Македонија, Куманово е можеби еден од најслабите градови кои нудат високи опции за младите, за студентите што вложуваат во своето образование и се надеваат дека откако ќе ја земат дипломата во своите раце ќе можат лесно да најдат работа по своја струка.  Но, за жал кога ќе завршат факултет, кога ќе дипломираат или докторираат бившите студенти, сега уште повозрасни луѓе со амбиции сепак бргу можат да ја воочат реалноста и влезат во дилема, запрашувајќи се дали нивниот напор и труд еден ден ќе се исплати?

     Живееме во систем кој треба да биде демократски, во кој работните места ќе бараат знаења, вештини, креативност и работа под притисок(притисокот да не биде партиски). Арно ама, како на Балканот, така во Македонија и во Куманово ситуацијата не е оди во таа насока. Можеби дипломата не треба да ти гарантира работа, можеби премногу места се слободни на универзитетите, можеби има премногу приватни факултети на кои лесно се стекнуваш со “знаење“, но државата пред се треба да размислува за младите, за нивните сонови и нивните барања. Амбициите се на високо ниво и не секој размислува да биде автомеханичар, хигиеничар или пак да работи во услужна дејност како касиер,продавач за таа фамозна минимална плата(која е мизерна). Затоа дипломите и нивнaта тежина треба да се на прво место. Во најголем дел, сега за сега не е така, па младите бараат спас и се иселуваат во земји каде нивната работа барем малку се цени. Одејќи во Америка, Германија, Хрватска или Малта, младите можат да заработат минимално 3.000 евра за 3 месеци. Во Македонија максимумот е околу 1.000 евра и тоа иста работа без диплома, работејќи во рафинерија, бензинска пумпа, маркет, ресторан или хотел. Па така, моменталната власт на сите нас,  секој пат кога се анализира темата за иселување на младите амбициозни и талентирани луѓе, ни објаснува дека причината за подобар живот и економски раст е Европската Унија. Пак ќе кажам, можеби е точно, можеби со влезот во таа голема заедница ќе се препородиме како нова земја, нова Македонија... но, како во тие земји има слободни работни места кои ги пополнуваат нашите иселеници? Зарем нивните жители не се задоволни од условите во кои можат да работат? Зошто младите од Хрватска и Бугарија заминуваат на работа во други земји на западот? Платите се високи, ама стандардот е покачен, цените не се исти, животот на младите не е сменет. Корупцијата ќе остане, работните места  пак со врски ќе се пополнуваат и пак нема да се цени вложениот труд на поединецот и неговата моќ. Пак ќе треба да се бара спас во иселување, доколку не си подготвен и не мислиш да бидеш дел од партиска група која секогаш гледа да искористи и да ја зголеми својата заедница, не мислејќи на тебе и твојата среќа, дали си задоволен од работата. Во нашиот систем нема место за напредок, не можеш да создадеш кариера и не можеш да достигнеш врв бидејќи времето го минуваш на исто работно место без разлика на твоите резултати. Дали влезот во ЕУ, со зголемени плати ќе го отргне начинот на вработување? Дали Куманово ќе добие нови места каде ќе бидат вработени младите кои студираат во над десетици факултети по разни области?

    Многу прашања, кои добиваат површни и спинувани одговори.  Младите се огорчени од Општина Куманово како целина веќе 4-5 години. За мене, единствено за пофалба е работата на градоначалникот во врска со инфраструктурата и реновирање на битни места во општината, за разлика од претходната гарнитура. Но, треба да обрне внимание за барањата и желбите на младите. Тие се разочарани и тонат во своите мисли, се надеваат дека ќе дојде подобро време и ќе можат да го остварат својот сон, да работат во својата земја, во својата општина. Нема да имаат потреба да се одалечуваат од своето семејство за да имаат барем нормален живот, да живеат,а не да бараат начин за преживување.

    Дарко Давитковски, студент