×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СТАВ: Излези и гласај - Референдум за иднината на државата

    29.08.2018 06:16 | KumanovoNews

    Нашата земја се наоѓа пред историска крстосница и затоа многу одговорно и одлучно треба да се пристапи кон претстојниот референдум. Секаков вид индиферентност и негирање значи одбирање на погрешниот пат кој ќе ја одведе земјата во изолација, ќе и донесе уназадување и нестабилност.

    СТАВ: Излези и гласај - Референдум за иднината на државата

    Изминативе месеци имавме можност да прочитаме многу коментари, мислења, анализи на признаени светски аналитичари и политиколози за актуелната ситуација во земјите од Западниот Балкан. Сите, без исклучок, го потенцираат значењето на потпишаниот Договор во Преспа. Како илустрација на гореспоменатото, Едвард Џозеф, политички аналитичар и поранешен член на Меѓународната кризна група, ќе запише :

    “Договорот од Преспа заслужува Нобелова награда бидејќи создаде нов модел за решавање на меѓународните спорови поврзани со идентитетските прашања“.

    Договорот од Преспа според многу критериуми ќе го обележи најчувствителниот, најкомплексниот и најзначајниот период од поновата македонска историја. Тој е плод на залагањата на генерацијата политичари кои ја водат Македонија. Но, истовремено, тоа е и нивна задача, одговорност, исполнување на ветувањето пред избирачите дека земјата ќе тргне напред, ќе зачекори рамноправно со останатите развиени и демократски држави.

    Договорот во својата севкупност е аргумент и показ за патриотизам и за зачувување на вистинските вредности важни за секоја земја, вклучително и за нашата. Тој, истовремено, е одраз на посветеноста , грижата за иднината на нашите деца, на сите идни поколенија кои доаѓаат.

    Неуспешни и многу бледи се обидите да се минимизира значењето на придобивките од овој Договор.

    Затоа, според моето длабоко убедување, рационалното сфаќање на суштината на вредностите што ги има Договорот и прогресот што тој со себе го носи, ќе бидат апсолутни победници на претстојниот референдум.

    Најголем дел од граѓаните на нашата земја го препознаваат прогресивното, новото поглавје што почнува и ќе знаат да одговорат позитивно. Граѓаните се свесни и сакаат ИНТЕГРАЦИЈА, а не изолација, ИДНИНА, а не минато.

    Она што не може да се негира е фактот што најважните прашања во Договорот кои длабоко го допираат Македонецот се зачувани и еднаш засекогаш определени: македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската нација.

    Признаен е македонскиот јазик како суштествена особина на македонскиот национален идентитет. Признаено е нашето државјанство како македонско. Со потпишувањето на Договорот македонскиот народ создава услови за многу посигурен развој и зачувување на својата национална култура и историја.

    Оттука, сметам дека во најмала рака е нечесно да се извртуваат вистините коишто ги содржи Преспанскиот договор. Таквите потези не и служат на политичката борба, туку ја обезличуваат. Не треба да заборавиме дека во политичката борба најважни се аргументите, само со нив можеме да се докажуваме и да се „бориме“.

    Исто така, несоборлив е фактот дека во сите стратешки и безбедносни планови, Македонија била за НАТО сојузот. Неизоставен дел од повеќегодишните аспирации на нашата земја се и евроатланските интеграции кои се запишани во програмите на сите политички партии и се актуелизираат во сите предизборни кампањи. Затоа, нема потреба да се шири страв, недоверба, несигурност меѓу граѓаните. Напротив, треба секој од нив да го искористи своето демократско право, да излезе на референдумот и да биде дел од остварувањето на историската цел на Македонија. Рамнодушноста не е и не може да биде алтернатива, не може да биде одговор на едно такво суштествено прашање.

    Сега е моментот кога треба да се осознае вистината, да се препознае историската шанса и да се биде дел од големата одлука, одлука ЗА Македонија. Мудрецот запишал дека успешните и неуспешните народи не се поврзани со големината на територијата што ја имаат нивните држави, туку со прифаќање на можностите во вистинскиот момент.

    Затоа, почитувани сограѓани, на 30 септември да ја препознаеме нашата иднина, да ги препознаеме вистиските заложби за перспективите на нашата земја и да кажеме едно големо ЗА.

    ЗА референдумот ! ЗА за сите нас, ЗА за нашата земја!

                                                                                             Лидија Тасевска, пратеник од СДСМ