×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците ќе продолжат со протестите

    26.04.2010 13:05 | KumanovoNews

     Стечајците од Здруженито Унит не се задоволни од односот на полицијата за време на протестите на Собранието во Скопје. Игнорантскиот однос на службените лица допринеле еден стечаец да биде полесно повреден од возило кое се обидело да помине низ толпата, а на друг му се слошило, поради што бил пренесен во градската болница.

    Стечајците ќе продолжат со протестите

     Претседателката Лиљана Георгиевска вели дека протестот бил уредно најавен и порачува дека протестите ќе продложи во петок, ако соберат пари за превоз.

    Бевме препуштени сами да се движиме по улиците, а полицијата не реагираше на нервозните возачи.Ние нема што да изгубиме, поготвени сме да се соочиме со се што ќе ни се испречи на патот.Нашиот протест не е против ВМРО-ДПМНЕ и ние нашите права не ги бараме по партиски штабови , туку од првиот човек во Владата ,без оглед на тоа од која партија е. Му порачуваме на премиерот да седне на маса со нас и веќе еднаш да го затвори нашето прашање- изјави Георгиевска.

    Стечајните работници и оние  што се прогласени за технолошки вишок бараат во собраниска процедура да се врати законот со кој се предвидува решавање на нивниот статус. Тие бараат лицата што имаат повеќе од 15 години работен стаж и старост поголема од 53 години за мажи и 50 за жени да добиваат месечен надоместок од по околу 100 евра до следното вработување или пензионирање.