×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците ќе протестираат пред куќите на пратениците

    30.07.2010 07:41 | KumanovoNews

     Стечајните работници што вчера протестираа пред Собранието,најавија дека ќе ги радикализираат притисокот кон власта, откако премиерот Никола Груевски, вчера на пратеничко прашање одговори дека тој ги исполнил  ветувањата на стечајците и нема намера повторно да се навраќа на нивното прашање.

    Стечајците ќе протестираат пред куќите на пратениците

     Одговорот на премиерот нема да не поколеба, туку напротив не мотивира да ги радикализираме протестите. Независно што се годишни одмори, ние ќе пристапиме на нов вид на притисок, кој досега не сме го примениле. Стечајците во сите градови ќе протестираат пред куќите на пратениците и на нив ќе им ги однесеме неплатените сметки и тужбите што секојдневно пристигаат на наша адреса. А ако и тие не сакаат да ги земат, ќе ги собереме во вреќи и по пошта ќе му ги пратиме на премиерот да ги плати - вели претседателката Лилјана Ѓеоргиевска.