×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стефановски апелира за помош од државата и граѓаните

    10.08.2017 12:59 | KumanovoNews

    Семејството Стефановски, кое пред дваесетина дена остана на улица, откако во голем пожар изгоре нивното живеалиште во напуштената зграда на Македонски железници во селото Речица, сеуште е без кров над глава.

    Стефановски апелира за помош од државата и граѓаните

    Момчило Стефановски- Вшка, со својот син- лице со посебни потреби живее кај роднини, бидејќи освен од Центарот за социјални работи во Куманово, Црвен крст и хуманитарни здруженија и граѓани, никој друг од надлежните државни и локални институции не пројавил интерес да му помогне. Најмногу е разочаран од односот на првите луѓе во министерствата за труд и социјална политика, транспорт и врски, здравство и локалната самоуправа, кои не нашле време да го примат ниту пак да го посетат неговиот опожарен дом.

    „Од Социјално ми понудија да се сместам во Чичино село или во Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“, но јас одбив затоа што тоа е краткорочно. Барам државата да ми даде плац на државно земјиште на приферијата на градот за да изградам една собичка за моите деца. Добивам подршка од граѓаните и мои пријатели кои сакаат да ми помогнат со пари и градежен матерјал да подигнеме живеалиште, ни нема каде. Доаѓа зима и треба некаде да се прибереме“, - вели разочарано Момчило.

    Тој се надева и на вработување во Кумановската болница, бидејќи 15 години волонтирал како болничар, но никогаш не бил постојано ангажиран. Семејството живее од социјална помош што ја добива детето и ако  Момчило најде нешто да поработи .

    Во пожарот на напуштената зграда на железничката станица изгоре целата покуќнина на Стефановски, она што го создавале со години, како и мала столарска работилница со матерјал.

    Граѓаните и фирмите кои сакаат да му помогнат на Стефановски тоа можат да го сторат на сметките:

    Денарска: Стефановски Момчило-Вшка ж.с. 250-0070000711-68 Шпаркасе банка

    Девизна: Momchilo Stefanovski, Rechica Kumanovo, Skopje Macedonia, IBAN:MK07250072220032463, SWIFT-BIC:INSBMK22 Sparkasse banka, Makedonija AD Skopje.