500x100-1
26. 10. 2010 12:26

Стоп на оружјето - низ детски слики

Стоп на оружјето - низ детски слики

Единаесет цртежи на ученици од основните и средни училишта од кумановско на тема „Кажи не на оружјето – оружјето убива„ вчера беа наградени од организаторите на кампањата: МВР, невладината организација „Цивил„ и Мисијата на ОБСЕ во Македонија.

 Ликовниот конкурс беше отворен во мај годинава, а од пристигнатите 2900 цртежи најдобриот беше искористен за изработка на плакат на кампањата.

Позитивно сум изненаден од креативност на учениците и вашите идеи и размислувања, како да се заштитите себе и околината од употребата на оружјето. Драго ми е што на овој начин вие, учениците праќате порака на возрасните да се воздржат од употребата на оружјето - рече Љубомир Ѓурчески, началникот на СВР Куманово.

Претставниците на ОБСЕ истакнаа дека најтешка задача во избирањето на цртежите имале во Куманово, бидејќи децата биле најинвентивни.

Одзивот беше многу голем и многу тешко беше да се изберат најдобрите. Преоктот предвидува од секој регион да се изберат по 10 цртежи. Морам посебно да ги пофалам децата од Куманово, па направивме една отстапка наместо 10, наградивме 11 цртежи. Од најдобрите 12 цртежи на ниво на државата ќе се изработи календар за наредната година- рече Јана Напа од ОБСЕ.

СВР Куманово покрај со ликовниот конкурс, преку Одделот за превенција имаше и повеќе предавања за штетните последици од употребата на оружјето. Иницијаторот на кампањата невладината организација „Цивил „со оваа активност сака позитивно да делува и да ја подобри свеста кај граѓаните, особено кај учениците од последиците на употребата на оружјето.

Стоп на оружјето - низ детски слики