×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стотина семејства добија пакети со храна на Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата

    17.10.2019 18:01 | KumanovoNews

    Стотина семејства од ранливите категории од Куманово, добија пакети со прехранбени производи, по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија.

    Стотина семејства добија пакети со храна на Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата

     Хуманитарната помош ја обезбеди Општина Куманово, компании и членки на коалицијата Банка за храна Македонија, со поддршка на претседателот Стево Пендаровски.

     „Во Македонија околу 70.000 луѓе, кои јадат само 2-3 пати неделно, од нив 60 проценти се деца. Сиромавиот има само еден сон што ќе јаде, а богатиот милион желби. Во државата има луѓе на кои им е потребна помош и затоа цела година се бориме да им обезбедиме храна. Денеска на Меѓународниот ден за борба против сиромаштија на симболичен начин сакаме да им помогнеме и да покажеме дека само заедништвото може да помогне на секого“,- изјави Душко Христов, претседател на Банка за храна Македонија.

     Секретарот на Општина Куманово Деса Стошевска, најави дека тие посветено ќе работата за намалување и сиромаштијата и гладта и секогаш се подготвени да подржат слични акции.

    Претседателот на Националскиот ромски центар (НРЦ) од Куманово, Ашмет Елезовски, апелираше до сите граѓани, а особено до фирмите кои работата со храната, наместо да ја фрлаат да ја поделат на сиромашните.

    „Се надеваме дека ќе дојдат подобри денови за Куманово, да се развие индустријата, да се зголеми  невработеноста, а со тоа ќе се намали и сиромаштијата. Сакам да се заблагодарам на хуманоста, солидарноста и помошта на компаниите од градот, кои овозможија денеска да ги израдуваме социјално загрозените семејства, - изјави Елезовски.

    Вакви акции денеска се организираа во повеќе градови во државата.