×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Штрајк во „Жито-мел“

    21.01.2010 17:50 | KumanovoNews

    Вработените во фабриката за производство на леб и бели пецива „Жито-мел„ утринава го прекинаа производството поради неисплатените плати и придонеси во последните неколку месеци.

    Штрајк во „Жито-мел“

    Работниците штрајкуваа во фабриката до 10 часот, а потоа си заминаа дома. Тие побарале вечерва да се сретнат со газдите на фирмата за да се договорат околу исплатата на долгот. Ако не најдат заедничко решение штрајкот ќе продолжи и денеска.

    Житомел е една од фирмите на Бајруш Сејдиу која по неговото затварање го водат членови од потесното семејство. И мината година имаше неколкудневен штрајк заради неисплатени плати и блокирана сметка. „Жито-мел“ е најголем производител на леб во Куманово и доколку штрајкот продолжи постои опасност градот да остане без леб. И утринава во продавниците имаше недостиг на житомелски леб.