×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Студенти од „Еуро Колеџ“ на пракса во ексклузивни турски хотели

    17.07.2018 07:42 | KumanovoNews

    Шестмина студенти од приватната високобразовна институција „Еуро Колеџ“ од Куманово, од вчера се на обука во Турција, преку проект на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност од програмата на „Еразмус плус“.

    Студенти од „Еуро Колеџ“ на пракса во ексклузивни турски хотели

    Студентите 2,5 месеци ќе бидат на пракса за менаџмент и маркетинг во луксузни хотели, под менторство на врвни турски менаџери.

    „Студентите ќе бидат сместени во туристичкиот град Алања, а ќе работат на менаџерски позиции, што ќе биде идеална можност да научат нови менаџерски иновативни техники, сметајќи дека Турција е држава број еден во хотелиерството, бидејќи ги поседува најпознатите и најубавите хотели, кои ги водат врвни менаџери. Сметаме дека таму ќе научат многу нови знаења во менаџирање на хотелите со 5 звездички. Нашата идеја е да им дадеме шанса да видат како се менаџираат хотели, заради тоа што во моментот се отвараат многу нови хотели во Македонија, каде што сметаме дека нашите студенти по враќањето од обуката, ќе го применат своето занимање“, - изјави Марија Стојанова, координатор на програмата „Еразмус плус“.     

      Никола Стојановски е студент на втора година бизнис и администација на  „Еуро Колеџ“. Тој признава дека досега немал искуства во хотелиерството, но очекува дека знаењето што ќе го стекне при практична работа ќе може да го примени во понатамошната работа.

    „За се постои првпат. Ова е за мене нов предизвик, кој треба да го поминам. Ќе работиме на менаџерски позици, она што секојдневно го учиме само што ќе го усовршиме. Се надевам дека таму одлично ќе си поминеме, па покрај знаењето ќе истераме и одмор од 3 месеци, а истовремено ќе го презентираме „Еуро Колеџ“ и Македонија. Можноста која ни ја дава факултетот и посветеноста на професорите, кога е мала група од 10-15 студенти како што сме ние, има многу предности во студирањето“, - вели Никола.

    Неговиот колега Костадин Николовски е на посдипломски студии во „Еуро Колеџ“, и по третпат оди на пракса преку „Еразмус плус“ програмата, двапати во Италија, како менаџер во градежна фирма и на приватен проект, но првпат се среќава со хотелиерството.

    „Јас сакам да работам во некој хотел и ова за мене значи голема шанса. Се гледам во хотелиерството затоа што кај нас доаѓаат големи ексклузивни хотели, на кои ќе им треба стабилен и добар стручен кадар“, - вели Костадин. Како дел од проектот предвидена е обука за двајца професори на „Еуро Колеџ“, кои во текот на летото 7 дена ќе престојуваат на факултетот во Алања.

    По завршувањето на овој проект „Еуро Колеџ“ продолжува со реализација на други проектни активности на размена на студенти и професори. Предвидена е  посетата на професори од Јапонија во Куманово, а двајца нивни професори заминуваат на универзитетот во Москва, Русија, каде ќе посетуваат обука и ќе држат предавања на тамошните факултети.