×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Субвенции за гасификација на домаќинствата во Куманово

    17.10.2018 08:23 | KumanovoNews

    Сите семејства кои ќе се приклучат на гасоводната мрежа ќе добијат субвенции од 10.000 денари од Општина Куманово.

    Субвенции за гасификација на домаќинствата во Куманово

    Mерката започна од почетокот на годинатa, се со цел граѓаните да се поттикнат да го користа овој природен енергенс за затоплување на своите домови и заради справување со загадениот воздух и заштитата на животната средина.

     - Цената за приклучок изнесува 800 евра. Начинот на плаќање може да се изврши на дванаесет месечни рати, при што Општината субвенционира за секој приклучок по 10.000 денари. Сметката за приклучок ќе биде намалена во тој износ и Општината тие пари ќе ги трансферира на јавното претпријатие, – изјави директорот на ЈП „Куманово Гас“ Никола Денковски.

     Од почетокот на годината субвенциите ги искористиле 7 семејства за приклучок во индивидуални куќи, но од претпријатието очекуваат дека во наредниот период ќе се зголеми интересот поради проширување на гасоводната мрежа.

    Деновиве е завршено гасификацијата во станбениот објект „Пиано Престиж“, покрај Градскиот базен, каде се приклучени над 120 станари.

    - Апелирам до сите заинтересирани граѓани кои се наоѓаат во близина на овој објект да дојдат во ЈП „Кумaново гас“ и да ги добијат потребните информации за приклучок,  - додава Денковски.

    Во градот е поставена околу петнаесет километри дистибутивна гасоводна мрежа, приклучени се 24 правни лица: општински институции, училишта, градинки, градскиот базен и околу 160 домаќинства.

    Гасификацијата е завршена на улиците: „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“, „ББ Гуцман“,„Егејска Македонија“,„Иго Тричковиќ“,„Кирил и Методи“, „Љупчо Арсов“,„Среќко Пужаљка“,„Професор Мијалковиќ“,„Треска“, „Братство Единство“,„Пионерска“,„Париска Комуна“,„Димитар Влахов“,„29- Ноември“,„Питу Гули“,„Пере Тошев“,„Карл Маркс“, „Владимир Надзор“ и „Вардарска“.

    Општина Куманово пред 10 години со сопствени средства прва во државата започна со гасификација на градот, но без поддршка од државата процесот одеше многу бавно.