×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Св. Валентин - Денот на вљубените

    14.02.2010 10:18 | KumanovoNews

     Овој ден католичките верници го слават Св. Валентин - Денот на вљубените, празник што станува се популарен и кај нас.

    Св. Валентин - Денот на вљубените

     Вљубените си разменуваат љубовни пораки, си подаруваат цвеќе, чоколади, кадифени мечиња и подароци во облик на срце, а излозите на продавниците се украсени со најразлични подароци во црвена боја.

    Многу Македонци на Св. Валентин го слават и својот именден.

    Свети Валентин бил свештеник, кој служел во третиот век во Рим. Во тоа време императорот Клаудиј Втори одлучил дека мажите кои биле ергени, биле подобри верници од оние  кои имале жена и семејтво. Поради тоа го забранил бракот за мажите кои биле потенцијални војници. Валентин сметајќи дека тој указ е неправилен му се спротивставил на императорот Клаудиј и продолжил да склучува тајни бракови на вљубените. Кога императорот ги открил ваквите постапки на Валентин, дал наредба да го убијат. Валентин е погубен 269 година. Во 14-от век во Рим е изградена базилика во негова чест.