×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Свеченост за Денот на крводарители

    17.03.2010 13:14 | KumanovoNews

    По повод 17 Март Денот на крводарителството, Црвениот крст во Куманово во петок ќе организира Свечена академија каде ќе бидат поделени благодарници на најдобрите крводарители.

    Свеченост за Денот на крводарители

    Куманово ќе го одбележи Денот на крводарителство во Младеинскиот културен центар. Признанијата на јубилејните крводарувања, оваа година имаме двајца члениви што имаат по 100 крводарувања, и останати со 75. При тоа ќе им се обратиме на присутните и ќе им го честитаме празникот на сите крводарители-вели секретарот Иле Митковски.

    Црвениот крст во Куманово, мината година успеал да ги зголеми крводарувањата за 6 проценти, и повеќе да ја вклучи албанската популација. Организирале неколку крводарителски акции во Липково и во средните училишта на албански јазик.

    По повод празникот на крводарителите општинската организација на СДСМ ја организираше по седми пат, традиционалната крводарителска акција, каде беа собрани 60 единици крв.