500x100-1
18. 01. 2019 14:50

Светиот крст ќе се фрла во водите на базените и реките

Светиот крст ќе се фрла во водите на базените и реките

По повод големиот христијански празник  Богојавление - Водици, утре крст ќе се фрла во базените на црквите „Св.Никола“ и „Св. Тројца“ во Куманово, како и во водите на реката Пчиња во селото Драгоманце.

Во верските храмови литургијата ќе почне во 8 часот, по што ќе следи осветување на водите и фрлање на крстот во базените во периодот од 9 до 9.30 часот. За најсреќните учесници ќе следуваат подароци од црквата и спонзорите.

Во Општина Старо Нагоричане фрлањето на крстот ќе се одржи во 11 часот, на мостот на реката Пчиња во село Драгоманце. Оној што ќе го фати крстот ќе дoбие награда телевизор, а за останатите учесници следуваат пригодни награди.

Parking
Joco Turs
NER
stuz