×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СВР: Веселбите не се слават со оружје

    26.07.2010 14:26 | KumanovoNews

      Под мотото „Оружјето не е за веселба, а куршумите не се честитки„ СВР Куманово спроведува кампања во која ги повикува граѓаните да се воздржат од употреба на оружје за време на семејните свечености.

    СВР: Веселбите не се слават со оружје

    Од полицијата потсетуваат дека лицата кои користат оружје за време на семејните веселби, ги изложуваат на опасност своите најблиски и пријателите и ја загрозуваат нивната безбедност.

    Согласно законските одредби, неовластената употреба на оружје и предизвикувањето  општа опасност, претставува прекршок односно кривично дело за кои следуваат законски санкции.

    Употребата на оружје на јавни места согласно Законот за оружје се казнува со парична казна од 30 000 до 50 000 денари или затвор од 90 дена за физичко лице.Тој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи ќе се казни со затвор од една до 10 години, согласно кривичниот законик на Р.Македонија.Неовластено пукање од огнено оружје, употреба на пиротехнички средства или лесно запалив материјал и нарушување на мирот и безбедноста на граѓаните се изрекува глоба во висина од 200 до 500 евра во денарска противвредност согласно Закон за прекршоци од ЈРМ, се вели во соопштението на СВР Куманово.

    СВР Куманово, во рамките на своите законски овластувања, ќе превзема интензивни  активности и соодветни мерки  против сите лица кои ќе употребат било каков вид на оружје.