×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Табановце ги дочека бадникарите

    05.01.2011 14:01 | KumanovoNews

    Селото Табановце денес беше на нозе: ги дочека и ги нагости бадникарите од Куманово на чело со претседателот на Здружението „Коледар„ Мирослав Доневски и кумот на прославата Момчило Цветковски.

    Табановце ги дочека бадникарите

    Како специјален гостин на Бадникот присуствуваше и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, кој на табановчани им ги честита новогодишните и божиќните празници. Бадникарите од Куманово во името на месниот организационен одбор со топла бадникарска ракија ги пречека и ги поздрави домакинот на прославата Тони Илиќ. Во дворот на Основното училиште „Браќа Рибар„, потоа се разви големо и широко оро, грмеа зурли и татнеа тапани, а со одбран репертоар од македонски народни ора настапија членовите на детско-младинското културно-уметничко друштво „Срма„ при Културниот центар „Трајко Прокопиев„ од Куманово.

    „Денеска по единаесетти пат го организираме традиционалниот празник Бадник, овој пат во Табановце, еден ден пред големиот христијански празник Божиќ - Денот на Христово раѓање. Познато е дека секоја година Бадник го славиме во друго село од кое со бадниково дрво и гранчиња се враќаме во Куманово. Утре претпладне обредните активности поврзани со претстојната бадникарска вечер ги продолжуваме на плоштадот пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ каде ги покануваме сите христијански верници на традиционалната божиќна веселба, на топла ракија и на оро. Посетителите, како секоја година пред Божиќ, ќе можат да си понесат бадникови гранчиња како симбол на Христово раѓање„ - порача  Мирослав Доневски претседател на Здружението „Коледари„,од прославата во Табановце.