500x100-1
23. 12. 2009 11:54

Tаксист претепал колеги со метална шипка

Tаксист претепал колеги со метална шипка

Таксист од Куманово вчера нападнал двајца колеги со метална шипка, при што едниот од нив сериозно го повредил поради што е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Инцидентот се случил на улицата Доне Божинов околу 12,35 часот кога браќата М.С. (21) и 19-годишниот Д.С. од селото Тромеѓа се скарале со Н.И.(31) од Куманово поради тоа кој требало да преземе патници кои барале такси превоз.

Такистот во еден момент додека се расправале од автомобилот извадил метална шипка и со неа почнал да  ги удира браќата. По интервенција на полицијата еден од нив поради тешките повреди е пренесен во Медицинскиот центар во Куманово, а од таму во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата најави целосно расчистување на случајот и поднесување на соодветна пријава.