×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Танец“ ќе го затвори Меѓународниот фестивал на фолклор во Куманово

    18.07.2019 12:26 | KumanovoNews

    Со настапот на националниот ансамбл „Танец“, вечерва во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, ќе заврши првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово 2019“.

    „Танец“ ќе го затвори Меѓународниот фестивал на фолклор во Куманово

     Играорците на „Танец“ ќе имаат едночасовен концерт, а ќе настапат и останатите учесници.

    Во изминатите две вечери се претставија 12 реномирани културно-уметнички друштва и групи од Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Колумбија и Македонија.

    На првиот Меѓународен фолклорен фестивал учествуваа ансамблот „Кочо Рацин“- Скопје, КУД „Карпош“ - Крива Паланка, КУД „Бајрам Шабани“ - Куманово, КУД „Панче Пешев„-Куманово, Студио „Етнос“- Скопје и Фолклорен ансамбл „Битола“, националниот ансамбл „Танец“, КУД „Јабланичко коло“ - Лебане, Лесковац, Србија,  КУД „Живинице“ БиХ, Шопски ансамбл „Раде Радев“- Софија,  Бугарија, компанија Артистика „Мангаларес„- Колумбија, Јужна Америка и КУД „Димитриеје Туцовиќ“ - Белград.

    Почеток на фестивалот е во 19.30 часот, а влезот е слободен.