×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Телефонско известување за даночен долг

    01.06.2010 10:22 | KumanovoNews

     Од денеска, Управата за јавни приходи по телефон ќе ги известува даночните обврзници за износот на даночниот долг што не е платен во законскиот рок. Телефонското известување за даночен долг, ќе се врши преку повикувачкиот центар на УЈП, секој ден од 9 до 20 часот, освен во недела.

    Телефонско известување за даночен долг

     Новата услуга има цел да го зголеми процентот на доброволна наплата на даноците и превентивна мерка со која се информира даночниот должник навремено да реагира за да се избегне постапка за присилна наплата и активирање на инструментите како што се блокирање сметки и други, кои УЈП ги користи за наплата на заостанатите даночни долгови.

    Во март, по извршеното пробно телефонско известување на 1.194 даночни обврзници, доброволно е наплатен стар даночен долг од вкупно 43.915.322 денари (над 700 илјади евра).