×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тевдовски: ЕУ е најсилниот подржувач на Македонија

    20.09.2018 13:50 | KumanovoNews

    Министерот за финансии Драган Тевдовски, денеска од Куманово ги повика граѓаните да дадат подршка на референдумот на 30 септември, бидејќи тоа e едниствениот пат за развој на економијата и отварање на повеќе работни места.

    Тевдовски: ЕУ е најсилниот подржувач на Македонија

    - Членството на НАТО како воен сојуз значи гаранција за безбедноста, сугурноста, стабилноста на државата, а тоа за инвеститорите, било домашни или странски, е најважно. ЕУ е најсилниот подржувач на Македонија. Годишно околу 90 милиони евра имаме поддршка преку грантови, пари на граѓаните на ЕУ. Тие финансираат во изградба на патишта. За патот Демир-Капија-Смоквица се дадени 50 милиони евра. Потоа помагаат во изградба на градинки, училишта, пречистителни станици. Во Куманово се потрошени 4.3 милиони евра за изградба на канализациона мрежа, потоа за училиште во село Черкези. Сакам да потенцирам на граѓаните на Куманово, дека со приближувањето, односно членството во ЕУ, таа подршка ќе биде многукратно зголемена, а е многу значајна за инфраструктурата во Македонија. Таа ќе донесе развој на економијата и повеќе работни места, - рече министерот Тевдовски.    

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ги повика граѓаните да ја сфатат сериозноста на референдумот, но и граѓанската одговорност за новиот предизвик од кој зависи иднината на државата.

    - Да дадеме поддршка на референдумското прашање, бидејќи ќе ја пишуваме новата историја на Македонија како држава и на македонскиот народ. Во делот на инвестициите ЕУ се покажа како најголем донатор во Општина Куманово, со реализација на повеќе инфраструктурни проекти. Доколку сакаме да ја подобриме инфраструктурата, бизнис климата, сеопштиот развој на Општината, да се врати стандардот на граѓаните како во седумдесетите и осумдесетите години, периодот на сеопшти инвестиции, кумановци ќе гласаат за - изјави градоначалникот.

    Министерот Тевдовски и градоначалникот Димитриевски се сретнаа со младите на Градскиот плоштад и со претставници на бизнис секторот од Куманово.