Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата го назначила Томе Спировски од Куманово за нов в.д. директор на Државниот просветен инспекторат.
Спировски со години наназад работи како просветен инспектор во Државниот просветен инспекторат во Куманово и е член на СДСМ.
Тој доаѓа на местото на досегашната в.д. директорка Надица Николоска, на која и истекол мандатот.
Спировски е назначен на денешната владина седница на која се расправало за кадровските решенија.