×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трета форумска сесија на СИПР

    11.03.2019 11:30 | KumanovoNews

    Североисточниот плански регион (СИПР) ќе ја оддржи третата форумска сесија од регионалниот форум во заедницата, со цел цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на  регионално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локални и регионални субјекти  и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

    Трета форумска сесија на СИПР

    Досега се оддржаа две сесии на коишто граѓаните од Североисточниот плански регион имаа можност  во рамки на четирите теми согласно грантовата шема (туризам, животна средина, социјална инклузија и бизнис инфраструктура) да идентификуват и да дефинираат регионални (заеднички) проблеми, да дискутираат за проблемите и да предлагаат решенија.

    Притоа предложени се следниве проекти: уредување и валоризација на спортско рекреативен центар БИСЛИМ, инфраструктурно уредување на туристичка инфраструктура за одржување на регионална туристичка манифестација НЕВЕСТИНСКО ПОКЛОНЕНИЕ, поставување на урбана опрема на туристички локалитет, Спомен Kостурница, природните реткости и атрактивности во Североисточниот плански регион во функција на развој на туризмот и социоеконoмски развој, инклузивен стадион во СИПР ( Реновирање на спортски објект за здравствено спортски активности и социјална инклузија на лица со посебни потреби во СИПР) и изградба на пристапни патеки и рампи за лица со посебни потреби до три туристички локалитети  во регионот согласно стратегијата на СИПР.

    Форумскиот процес е отворен за сите заинтерсирани граѓани од Североисточниот плански регион, жителите на шесте општини од регионот: Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Крива Паланка.

    Форумскиот процес се реализира од ЦРСИПР во соработка и партнерство со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, во рамки на нивниот  заеднички  проект  "Одржлив и инклузивен рамномерен  регионален развој".

     Третата форумска сесија ќе се оддржи задутре(среда) во 12 часот во ресторан Грација.