×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три катни гаражи најави градоначалникот Димитриевски

    21.02.2018 13:32 | KumanovoNews

    Катни монтажни гаражи на паркинг просторот кај КИБ банка, трговскиот центар СУ-МА и на локалитетот Серава, најави градоначалникот Максим Димитриевски на денешниот отчет пред граѓаните.

    Три катни гаражи најави градоначалникот Димитриевски

    „Куманово е град проектиран за 8 до 10 илјади возила, а во моментот имаме 27.000 возила регистрирани во нашата општина, ако не ги сметаме оние што транзитираат низ Куманово од соседните општини. Таа бројка на дневна основа надминува над 30.000 возила што значи дека Куманово мора да создаде нова сообраќајна инфраструктура. Во моментот согласно финасиските можности не можат да се прошират булеварите, бидејќи ќе биде потребна експропријација. Затоа ќе градиме катни гаражи на три локации, зад КИБ банка кај т.н. Берза, зад трговскиот центар СУ-МА и зад стамбено-деловниот комплекс Серава, ќе се постави урбана опрема која ќе обезбеди дополнителни паркинг места“, - изјави градоначалникот Димитриевски.

    На денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од стапувањето на функцијата, градоначалникот наброја дваесетина проекти главно од патната инфраструктура, животната средина, поставување на урбана опрема, како и тековни активности средби со над 1000 граѓани. Димитриевски најави и нови проекти за гасификација, кружни текови, катни гаражи, уредување на улицата 11 Октомври и влезот на градот, градинка, училишна спортска сала и друго.