×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три лица повредени при судир на камион и автомобил

    04.05.2019 14:56 | KumanovoNews

    Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчера претпладне се случила на крстосницата од булеварот “Трета Македонска ударна бригада“ и улицата “Б.Б.Гуцман“ во Куманово.

    Три лица повредени при судир на камион и автомобил

    Во 11,10 часот се судриле товарно моторно возило “Там“ со кумановски регистерски таблици, управувано од М.Р.(60) и патничко моторно возило “Фолксваген Пасат“ со кумановски регистерски таблици, управувано од И.Ѓ.(28), двајцата од Куманово.

    Во незгодата со повреди се здобиле возачот И.Ѓ. и двајца сопатници од двете возила С.С и С.Р. констатирани од страна на лекар од Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Куманово.